Воз прегази мигрант од Пакистан кај Ногаевци

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци откако во него удрил воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје. Како што информираат од МВР, незгодата се случила во вечерните часови на 19. септември, а 23-годишникот починал на самото место.

Со него бил уште еден Пакистанец на возраст од 30 години, кој бил предаден на полицијата и префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба, во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави