Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека следната недела, за време на Генералната расправа во Генералното собрание на ООН, тој ќе има голем број состаноци со светските официјални претставници и дека овие разговори ќе бидат тешки бидејќи Косово ќе биде доминантна тема.
-Ќе имам безброј состаноци во Њујорк. Со луѓето од ЕУ, многу билатерални средби, повторно со канцеларката Меркел, што е задоволство за мене – изјави Вучиќ.
На констатацијата на новинарите дека Меркел оди таму на еден и пол ден, и дека таа побарала средба со Вучиќ, претседателот на Србија рекол дека тоа го изненадило, но дека тој е благодарен за таквиот вид внимание.
Вучиќ смета дека разговорите во Њујорк ќе бидат тешки бидејќи Косово ќе биде доминантна тема.
-САД очекуваат од Србија, како што видовте во писмото на претседателот Трамп, да ја признае независноста на Косово, заклучи тој.