Линијата „Сити тур“ во реализација на ЈСП Турс од сабота (21. септември) ќе сообраќа по зимен возен ред. Како што информираат од ЈСП, поаѓањата ќе бидат во 11 и во 13 часот од Порта Македонија.
„Сити тур“ е туристичка автобуска линија и истата има за цел да ги презентира сите културни и туристички знаменитости на главниот град.