Кошаркарскиот НБА-лигаш Детроит преку својот Твитер објави за постигнат договор со Џо Џонсон. Триесет и осумгодишниот Американец се приклучи на клубот како слободен играч.
За потсетување, Џонсон е седумкратен учесниј на „Ол стар” натпреварите во најсилната светска кошаркарска лига. Во својата богата НБА кариера, Џонсон има настапувано за екипите на Хјустон, Јута, Мајами, Бруклин, Атланта, Феникс и Бостон.