Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. ‘
Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 пријавениот, како директор на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа, тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки.