Домаќинот рано дојде во водство, уште во втората минута од натпреварот со голот на Арез. На почетокот од вториот дел Ернесто Валверде мораше да го внесе во игра и нецелосно рехабилитираниот Меси, но и со него, „каталонците“ не успеаја да го свртат резултатот во своја корист, па Гранада во 65. минута преку Вадиљо од пенал само ја запечати победата против актуелниот шампион.
Изненадувачки, Гранада е прва на првенствената табела со десет бода, додека Барселона го претрпе и вториот пораз и е седма со само седум бода.