Најмалку 25 лица се повредени во силниот земјотрес што попладнево ја погоди Албанија и предизвика вознемиреност во речиси сите држави во регионот.
Епицентарот на потресот беше на длабочина од 10 километри во Јадранското море и според инструментите на Европската сеизмичка опсерваторија беше со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала. Според албанските сеизмолози, денешното тресење на тлото е најсилно во земјата во последните 20-30 години.
Албанските медиуми, пак, пренесуваат за сериозни оштетувања на зградата на Рударскиот факултет во Тирана како последица на силниот земјотрес, а зграда во Драч е напукната на половина.