Пандев учествуваше во голот на Џенова во поразот од Каљари 

Екипата на Каљари славеше на денешниот натпревар против Џенова во воведниот натпревар од четвртото коло од Серија А.

Домашниот тим победи со 3:1, а во таборот на Џенова минути имаше и за нашиот репрезентативец Горан Пандев, кој повторно влезе од клупата за резервни фудбалери одигра 15 минути.

Каљари дојде до водство на самиот старт на второто полувреме преку Џовани Симеоне. Резултатот го израмни Куаме во 83. минута. Македонецот ја започна акцијата по која падна голот. Горан Пандев го проигра Санабрија, Парагваецот одлично со пета одложи за Куаме, кој прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за реми.

Сепак, веќе во следниот напад Каљари поведе со 2:1 откако Запата си постигна автогол, за во 87. минута Жоао Педро да го постави конечниот резултат.

 

Треба да знаете
Последни објави