Вардар и Шкендија ќе фаќаат првенствен залет за меѓусебната куп-пресметка

Актуелниот фудбалски шампион Шкендија и најторфејниот на домашната сцена Вардар денеска (15.30 ч.) во рамките од 7. прволигашко првенствено коло на домашен терен ќе фаќаат победнички залет пред меѓусебната осминафинална куп-пресметка в среда во Скопје. Вардар по четири триумфи во низа го пречекува Силекс, а Шкендија новакот Струга ТЛ.

Скопските „црвено-црни“ со нов триумф и евентуален кикс на лидерот Академија Пандев можат да го преземата врвот за првпат сезонава. Кратовци доаѓаат во Скопје за да го напуштат дното, но традиционално лошо минуваат.

Шкендија врза две победи без примен гол, постигнувајќи пет на последните два меча (3-0 Работнички, 2-0 Ренова), но и понатаму реализацијата претставува сериозен проблем за актуелниот првак. Шкендија е фаворит против Струга ТЛ. За Шкендија победата е неопходна за уште повеќе да го фати приклучокот за врвот поради очајниот старт и седумте бодови моментно со кои заостанува зад лидерот Академија Пандев.

Во Струмица  Академија Пандев ќе го пречека Шкупи со новиот тренер Ќатип Османи.

Македонија ЃП и Ренова први ќе ја почната седмата рунда, половина час порано  (15 ч.) и нивната пресеметка ќе биде пренесува на ТВ.

ПРВА ЛИГА, 7. КОЛО

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Ренова (15 часот)

ТЕТОВО: Шкендија – Струга Трим Лум (15.30 часот)

АРЕНА: Вардар – Силекс (15.30 часот)

СТРУМИЦА: Академија Пандев – Шкупи (15.30 часот)

ВЧЕРА

Борец – Работнички 1-1 (1-1)

ТАБЕЛА: Академија Пандев 14 бода, Вардар 13, Македонија ЃП 11, Шкупи 8, Струга Трим Лум 8, Шкендија 7, Ренова 7, Работнички 7 (+1), Силекс 6, Борец 5 (+1).

Треба да знаете
Последни објави