Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал и корупција. Власта на СДСМ три години не сработи ништо за граѓаните, само запаѓа во криминал. Епидемијата на непотизам беше еден од првите скандали кои ја потресе јавноста, а со кој излезе на површина криминогеното лице на власта. Роднини од поблиска и подалечна фамилија беа вработувани во јавната администрација, само затоа што се во роднинска врска со партиски и државни функционери.
Криминалиите продолжија и со Фондот за иновации, од кој беа двоени милиони за партиски подобни луѓе, кои за измислување на топла вода добиваа неколку стотина илјади евра. Рашковски и криминалот со Леонардо само ја прелеаја чашата. Дрскоста да се бара мито и да се прекршуваат процедури стана синоним за власта. Зоран Заев ја обрука државата и со пранкерскиот скандал, со кој цела година одавал сензитивни информации на комедијанти.
Дека криминалот е основен начин на владеење на СДСМ покажа и аферата Рекет, која обелодени дека со години во Македонија се уценувани бизнисмени. Заев владее само со криминал. Граѓаните не видоа ништо позитивно од владеењето на СДСМ. Оваа власт мора да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.