Најмалку 22 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во Пакистан, соопшти локалната полиција.
До несреќата дошло кога автобус удрил во брдо откако му откажале сопирачките.
Спасувачката операција е отежната поради тешко достапниот терен во планинска обаласт и недостиг на адекватна опрема, јавија локалните медиуми.