Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо, кој го освои осмото место во квалификациите за Гран-при во Сингапур, е исклучен од протоколот на трката, информира веб-страницата на ФИА.
Беше отворена истрага против Австралиецот, бидејќи генераторот на кинетичка енергија МГУ-К во неговиот автомобил даваше премногу моќ.
Сега Рикиардо ќе ја започне денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Сингапур од последното место.
Почетокот на трката е закажан за 14 часот и 10 минути.