Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање: Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?
Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Што кријат Мицкоски, Јанушев и ВМРО ДПМНЕ?
Дали нивната поврзаност со Орце Камчев или нивната улога во слулајот познат во јавноста како Рекет? Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?
Ова се прашањата кои ги повотори Гордан Шутаров, СДММ, потсетувајќи ги прозваните од ВМРО ДПМНЕ дека јавноста очекува одговори.
Линк до видео: https://youtu.be/2ddoGeNkDgQ