Од автомобилската компанија Форд објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД каде се укажува дека 42 отсто Американци се уверени дека на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат. Освен тоа, 80 отсто Американци не би одбрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски прилики.
Во анализата се додава дека 90 отсто Американци и Европјани и понатаму сметаат дека електричните возила се спори, а 67 отсто тврдат дека на струја тешко може да се вози приколка со автомобилот.