Инреком: Кабелските и сателитски телевизии во Македонија (не) ќе успеат

Последните десетина години се намножија телевизиите кои својата програма ја емитуваат преку мрежа која користи неограничен ресурс, кабел или сателит или емитување преку ДВБ-Т мрежата на локално, односно регионално ниво.

Периодот кој измина голем број на телевизии беа отворени, а потоа и набрзо затворени во Македонија. Се чини дека за дел од нив рентабилноста и ограничениот пазар или поточно маркетинг колачот кој го „јадат“ националните телевизии, е најголемиот проблем во борбата за опстанок во медиумскиот етер. Додека, други беа отворени единствено со цел сопствениците на истите да ги (зло)употребат за да остварат некое влијание или моќ.

Телевизијата како традиционален медум чие влијание сè уште е големо, неретко е алатка во рацете на сопственикот со која тој може да врши злоупотреби, односно да предизвика тектонски движења во политичко-општествениот живот со кои би ги реализирал своите цели.

Новинарот, член на Агенцијата за медиуми и добар познавач на состојбите во медиумите – Зоран Фидановски смета дека правилата на игра во медиумскиот бизнис мора да се почитуваат, осврнувајќи се на професионалните стандарди во работењето.

-Покрај вложувањето кое мора да го правите континуирано од почетокот на работењето, свесни дека ќе треба да поднесете и финансиска загуба како сопственик, треба да соберете квалитетна екипа која ќе ги почитува професионалните принципи и стандарди во работењето на редакциите. Ако имате скриена намера, со таков медиум да терате нечија пропаганда, независно за кого станува збор, вие нема да успеете – бидете убедени во тоа– вели Зоран Фидановски, добар познавач на медиумските прилики во земјава.

На сличен став е и професорката и доцент во областа на медиумската проблематика, д-р Снежана Трпевска. Според неа медиумските сопственици преку телевизиите уште од почетоците на овој бизнис во Македонија препознаа плодна почва за притисок врз државата преку партијата на власт, а неретка е и појавата на блиска соработка со власта. Според проф. Трпевска, сопствениците се добро запознаени со моќта на телевизијата, како играчка за влијание…

„Секоја поврзаност на политчка партија, било во опозиција, било на власт со медиумски сопственици или со медиумски професионалци не укажува на добра иднина за тој медиум. Во Македонија телевизиите се користат како средство за политичко и економско влијание, и за жал сè уште е така.“ – смета професорката Трпевска, медиумски познавач и основач на невладината РЕСИС.

Регулаторното тело се чини дека нема визија за медиумскиот пазар, некористејќи ја најмоќната алатка во нивните раце односно доделувањето на дозволи и следењето на исполнувањето кај условите. Според нашите соговорници, единствено заострувањето на условите за учество на пазарот ќе доведат до негова регулација, но и професионализација.

Потребата од реформи ја истакнува и нашата соговорничка Кристина Атовска, новинарка во поранешната 1ТВ според која најважен императив на промените треба да биде неприкосновената слобода на изразување, но и дека мора да се направат построги правила на игра до кои новинарите и медиумите треба да се придржуваат…

-Да напоменам, новинарството е екстремно одговорна работа и сметам дека некфалификувани кадри не треба да се дел од системот кој креира јавно мислење. Секако, очајна е потребата за реформа во јавниот сервис и во медиумскиот регулатор кој потфрли во својата работа, но потребни се и реформи во однос на работничките права на медиумските работници, кои пак се предуслов за финансиска независност, вели Атовска.

Како се уриваше професионалноста на медиумите со отворање на огромен број на телевизии, кои дел од нив беа создадени единствено со намери не ги вклучуваа професионалноста и унапредувањето на пазарот, во прв план.
Подетално за состојбата, ретроспектива на состојбата, како и анализа и решенија од нашите тројца соговорници прочитајте во опшрината анализа подолу:

ЦЕЛОСНА АНАЛИЗА: КАБЕЛСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ВО МАКЕДОНИЈА (НЕ) ЌЕ УСПЕАТ

Треба да знаете
Последни објави