Иранските власти го ослободија британскиот танкер „Стена Имперо“, запленет од Иранската револуционерна гарда во теснецот Ормус, објави денес „Скај њуз Арабија“.
Танкерот бил запленет на 19 јули, откако не успеал да одговори на предупредувањата од елитните воени сили на Исламската Република, потсетува Тас.
Ерик Ханел, директор на шведската компанија „Стена Булк“, во чија сопственост е танкерот, вчера објави дека танкерот наскоро може да биде ослободен и дека се во прашање часови.
Танкерот бил запленет две недели откако Велика Британија го запленила иранскиот танкер кај Гибралтар, кој подоцна беше ослободен.