Сомнителен пакет бил забележан на аеродромот во Манчестер, поради што биле ангажирани членови на екипа за отстранување на бомби, соопшти полицијата, додавајќи дека еден човек е уапсен. Полицијата обезбедила дел од аеродромот каде што бил забележан сомнителниот пакет.
Од полицијата исто така соопштија дека е запрен сообраќајот на трамваите, возовите и автобусите што одат до самиот аеродром, пренесе „Ројтерс“.