Ѕвездата на шоуто на Нетфликс – „Queer Eye“, Џонатан ван Нес (32), фризер по професија, напиша мемоари под името „Over the Top“ во кои кажа дека е позитивен на ХИВ.
„Тешко ми е да бидам целосно отворен кога има работи што никогаш не сум ги признал јавно“, рече Џонатан по повод објавувањето на мемоарите, пренесува „Тајм“.
Дознал дека е позитивен на ХИВ пред седум години, откако се струполил во фризерскиот салон каде што работел. Потоа отишол во болница за да ги провери симптомите кои личеле на грип. Сепак, не станувало збор за грип, туку за ХИВ.
„Тој ден ми беше грозен, токму како што си замислувате дека ќе биде“, напиша тој во книгата.
Кога бил помлад бил жртва на сексуална злоупотреба и бил зависник од дрога, особено на факултет кога консумирал кокаин. Сега тој рече дека е во „заедницата на ХИВ-позитивни луѓе“. Дури откако стана ѕвезда на серијата, тој јавно сподели низ што се поминал.