Американката Меган Рапино е најдобрата фудбалерка во светот за 2019 година според изборот на ФИФА. Обожавана од многу фудбалерки ширум светот, борец за човекови права, неуморен борец и мотиватор на теренот и надвор од него, предводничка на американската фудбалска репрезентација се закити со злато на последното Светското првенство.
Рапино ја освои наградата во конкуренција на најдобрата англиска фудбалерка во моментов Луси Бронс и својата колешка од американската селекција Алекс Морган.