Селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски и Горан Пандев распределувајќи ги гласовите за изборот на најдобрите според ФИФА не го погодија лауреатот на церемонијата која се одржа во Милано. За најдобриот играч Лионел Меси од Барселона, Ангеловски Пандев не дадоа ниту еден поен.
Ангеловски петте поени му ги оддели на Вирџил ван Дајк, три за Садио Мане и еден за Мохамед Салах. И Пандев по истиот редослед ги подели поените Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Мохамед Салах.