Лоша вест објавија од клубот Леванте, а тоа е дека македонскиот интернационалец Енис Барди, нема да може да игра во следните три недели.
Барди има мускулна повреда на задната ложа, и оваа повреда доаѓа во многу незгоден момент за македонската репрезентација, која на 10 и 13 октомври треба да одигра два важни меча од квалификациите за ЕП 2020. Селекторот Игор Ангеловски ќе мора да бара други решенија, бидејќи Барди е незаменлив стартер во тимот.
Враќањето на фудбалскиот терен, Барди може да го има на 20-ти октомври кога Леванте ќе гостува кај Севилја.