Градоначалникот Велимир Смилевски присуствуваше на обуката за интерактивните табли во ОУ Живко Брајковски. Инаку, обуките траат цела недела во сите седум основни училишта.Да потсетиме дека во текот на летото беа набавени 50 интерактивни табли кои се соодветно поделени по училиштата во зависност од бројот на учениците.Така, Св.Климент Охридски, Ацо Шопов, Живко Брајковски и Панајот Гиновски добија по 8 интерактивни табли, Гоце Делчев и Лиман Каба по 4 и Петар Здравковски Пенко 10 интерактивни табли.
Со помош на овие современи помагала се унапредува наставата во сите училишта.Тие се придобивка и олеснување и за учениците и за наставниците.