Најмалку 35 цивили се убиени, а 13 повредени во напад на авганистанските сили во јужната провинција Хелманд, соопштија денеска локалните власти.
Сè се случило во неделата вечерта додека авганистанските сили вршеле претрес во куќа за која се верувало дека талибанците обучуваат бомбаши-самоубијци.
Но под оган се нашло и соседното место каде што била организирана свадбена прослава.
Според еден од членовите на провинцискиот совет, Абдул Маџид Ахунџада, во нападот загинале 40 цивили, пренесува „Ројтерс“.
АП објави дека во нападот загинале 22 талибанци, како и дека се различни извештаите за бројот на загинатите и ранети цивили.