Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари средба со премиерот на Естонија Јури Ратас.
На средбата двајцата премиери ги истакнаа пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за нивно интензивирање со проширување на соработката на повеќе планови.
Премиерот Заев му се заблагодари на естонскиот премиер за поддршката и за потпишувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членство во НАТО.
На средбата заеднички беше оценето дека самитот на Европскиот Совет во октомври е од суштинска важност за Северна Македонија кога се очекува да бидат исполнети ветувањата за датум за старт на пристапните разговори, и дека Естонија ќе продолжи со поддршката за Северна Македонија во оваа насока.
Двајцата премиери се согласија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во реформите дома, како и напредок во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во ЕУ, како резултат на одличната соработка со европските институции.
Премиерите на Северна Македонија и на Естонија, Заев и Ратас изразија заложба да ја поттикнат соработката меѓу двете земји на планот на трговијата и информатичкиот сектор, особено заради извонредните искуства на Естонија