На вечерашната промиција на најдобрите во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) што се одржува во Милано, трофејот за најдобар тренер го понесе германскиот стартег кој го предовди Ливерпул, Јирген Клоп. Конкуренти за ова признание му беа колегите кои предводат тимови во англиската премиерлигашка конкуренција Пеп Гвардиола од Мначестер сити и Маурисио Покетино од Тотенхем.
Ливерпул под палката на Клоп ја освои европската титула, прва за германскиот стартег во кариерата, а до последното коло беше во трка за англиската титула која му припадна на Манчестер сити.
Kлоп беше избран за најдобар тренер според гласовите на новинарите, селекторите од сите европски репрезентации, капитените и навивачите регистрирани на официјалната страница на ФИФА.
На церемонијата беше прогласен и најубавиот гол во годината. Наградата „Пушкаш” отиде во рацете на Даниел Зори од унгарскиот Дебрецин, иако се шпекулираше дека фаворит е за овој трофеј е Лионел Меси од Барселона.