Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска ја организира првата конференција од проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција” поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целта на конференцијата е да се презентира методологијата за набљудување на отчетноста на засегнатите институции по одлуките на Државната комисија за спречување на коурпцијата, како и нивните подготовки за набљудување на финансирањето на политичките партии. Тема на конференцијата ќе биде и носењето на националната стратегија за борба против корупцијата, односно идејата е да се разговара околу приоритетите на стратегијата и на кој начин да се направи ефикасна соработка меѓу засегнатите страни.