Од церемонијата за доделување на наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот со признанието си заминува Аргентинецот Лионел Меси од редовите на Барселона.
Во фото-финишот за најдобриот играч се најдоа Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк.
Португалецот Кристијано Роналдо од редовите на Јувентус не се појави на свеченоста која се одржа во Милано.