На 22.09.2019 во 15.20 часот на крстосница од регионалниот пат Гостивар-с.Градец и локалниот пат за с.Пожаране се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(51) од с.Врапчиште и велосипед управуван од 11-годишен малолетник од с.Топлица. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.