Актуелниот европски првак во одбојка Русија го заврши патешествието со одбраната на титулата во четвртфиналето на ЕП. Русија изгоре во „Стожице“ во дуелот со домашната селекција на Словенија 3:1 во сетови. Русите важеа за фаворити, но не успеаја да излезат на крај со мотивираните домаќини и пеколната атмосфера во салата.
Првите два сета ги доби Словенија со 25-23 и 25-22. Русија се врати во игра во третиот сет 25-21, но во четвриот сет Словенците им го зададоа решавачкиот удар 25-21.
Во полуфиналето се пласираше и Полска, која ја победи Германија со 3:0 25-19, 25-21, 25-18).