Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина донесе конечна одлука да не го екстрадира Здравко Мамиќ во Хрватска, тврдејќи дека законските услови за тоа не се исполнети, објави денеска судот.
Во соопштението објавено на веб-страницата на таа судска институција се вели дека Апелациониот совет ја потврдил првостепената одлука на Судот на БиХ од 29 август годинава.
Хрватска поведе кривична постапка против Мамиќ, кој има и државјанство на БиХ, пред окружниот суд во Осиек под обвинение за сторено кривично дело „криминално здружување и злоупотреба на деловната доверба”.