Со мјузиклот „Ромален“ и проекција на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ заврши манифестацијата „Звуците на културата“ во општина Ѓорче Петров.
Многу насмеани лица викендов го посетија паркот во Ѓорче Петров, каде што настапија талентираните ученици од општинските училишта, Нокаут, Ефто Пупиноски, Дац и Александар Митевски, Наум Петрески како и баскер артисти кои ги забавуваа посетителите.
Граѓаните на Ѓорче Петров имаа можност да уживаат и во базар на ракотворби, забавен парк, детско катче и многу други содржини кои општината ги подготви во рамки на манифестацијата.
„Звуците на културата“ се одржа по вторпат и се надеваме дека ќе стане традиција.