Советникот во општина Охрид, Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во градот кој е под заштита на УНЕСКО.
-Во овој период сите чувстуваме притисок од страна на институциите кои сакаат да ни наштетат. Од 1400 дивоградби вклучувајќи ги и оние покрај Езерото кои го ризикуваат исклучувањето од Охрид од УНЕСКО кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии кои им припаѓаат на охриѓани. Затоа едногласно да станеме да ги браниме покривите на нашите браќа затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25 09 2019 година (среда) во 10.00 часот пред општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како секогаш сме правеле за нашите сограѓани – напиша Усеини.
Советникот Усеини е сопственик на дивоизградена тераса на пицерија до чинарот во Охрид, а спорни има уште неколку објекти.