Шпанската полиција уапси деветмина каталонски сепаратисти

Деветмина каталонски сепаратисти рано утрово се уапсени во шпанската североисточна област Каталонија поради планирани насилни акции, соопшти шпанската полиција.

– Апсењето го нареди шпанскиот Врховен суд, изјави портпаролка на Цивилната гарда, без да даде детали.

Весникот Ла Вангуардиа пишува дека деветмината се уапсени за време на рација која почнала во пет часот утрово во разни градови низ Каталонија, меѓу кои Сабадел и Валес.

Сите уапсени се сепаратисти, пренесува весникот, повикувајќи се на полициски извори. Во текстот се додава дека се запленети документи и компјутерски хардвери.

Движењето, кое повикува на отцепување на Каталонија од Шпанија, со години е голем предизвик за земјата, создавајќи ја најголема политичка криза со краткотрајната декларација за независност во 2017 година.

Сепак, тоа е мирно движење кое се карактеризира со масовни протести.

Треба да знаете
Последни објави