На 22.09.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Д.(28) од Богданци пријавил дека на планината Кожуф, на место викано „Сува рупа“, на непристапен терен, се лизнал и ја скршил ногата. Од екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, со хеликоптер на МВР, повредениот бил извлечен и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.