Британија закажа 74 лета, дома се враќаат 16.500 туристи од пропаднатата „Томас К

Околу 14.700 туристи се вратиле со вонредни летови во Велика Британија, откако најстарата светска туристичка компанија „Томас Кук“ прогласи банкрот, а уште 135.300 Британци се очекува да се вратат во земјата во наредните 13 дена.

Од британското цивилно воздухопловство велат дека работат 24 часа на ден, во консултација со владата и воздухопловната индустрија, за да обезбедат враќање на граѓаните во земјата.

За денес се закажани 74 летови, со кои во Британија ќе се вратат 16.500 туристи, што својот одмор го уплатиле преку компанијата „Томас Кук“. Најстарата светска туристичка агенција најави банкрот вчера наутро по неуспешните преговори со доверителите, оставајќи повеќе од 600.000 туристи кои резервирале одмор или веќе се на годишен одмор, во разни делови од светот, вклучени во аранжманите на компанијата.

Поради пропаѓањето на оваа 178 години стара туристичка компанија, стотици илјади патници се заробени на дестинации ширум светот, нејзините фирми ќерки во други земји бараат помош, а хотелиерите на многу дестинации се загрижени поради можното намалување на бројот на туристи.

Треба да знаете
Последни објави