Бугарка сака да ги има најголемите усни на светот

Бугарската студентка Андреа Емилова Иванова (22) отсекогаш сакала да има голема уста, а откако станала полнолетна решила да го оствари тоа. Досега потрошила голема сума пари за да ги зголеми, а инјектирала филери најмалку 15 пати. За секој третман платила најмалку 135 фунти, според „Дејли мејл“.

Иако многу пати се подложила на третмани и усните воопшто не ѝ се како оние што ги имала порано, Андреа не планира да престанеда ги зголемува усните. Со новитеусни, вели студентката, таа се чувствува посреќна и посигурна.

 

„Ми се допаѓаат усните што ги имам во моментов, повеќе од оние што ги имав порано. Среќна сум затоа што изгледам поубаво. Во Бугарија, ова е модерно сега“ рече Емилова, која инјектира разни видови филери.

Андреа вели дека ги посетила речиси сите софиски клиники и дека добива многу комплименти, додека негативните коментари главно ги пишуваат жени.

Треба да знаете
Последни објави