Вардар – Шкендија останува висок ризик

Дуелот меѓу лутите ривали во мак-фудбалот, најтрофејниот Вардар и актуелниот шампион Шкендија секогаш го привлекува вниманието, но го носи со себе и епитетот висок ризик. Така ќе биде и на утрешниот прв дуел од осминафиналето во Купот на Македонија кој ќе се одигра во Скопје на Арената „Тодор Проевски“.

Тоа значи дека скопските „црвено-црни“ нема да примат гостински навивачи. За посетителите, од Вардар информираат дека ќе бидат отворени само вратите на јужната и западната трибина, додека на северната ќе се најдата смо службените лица. Исток ќе остане затворен.

Влезниците кои ќе се продаваат на билетарницата од Арената ќе можат да се купат со приложување на документ за идентификација.

Раководството на Вардар, во пресрет на утрешниот натпревар апелира до сите кои ќе се најдат на трибините да навиват фер и коректно и без употреба на национализам и расизам.

 

Треба да знаете
Последни објави