Поп-дивата Мадона (60) се сели од замокот во Португалија каде што живееше изминативе две години. Сопственикот на имотот ѝ понудил на пејачката да го купи замокот за 6 милиони фунти, но таа не била подготвена на тоа.
Пејачката се пресели во луксузниот дом од 18 век за да го поддржи сонот на нејзиниот син Дејвид (13), кој сакаше да игра фудбал во младинската екипа на Бенфика, пренесува „Сан“.
https://www.instagram.com/p/B2b9CWvhUR9/
Извор за британските медиуми откри дека Мадона наскоро ја почнува турнејата „Мадам Х“ што ќе трае до март следната година, така што нема да го поминува времето во замокот, па затоа ѝ било поисплатливо да го изнајми замокот. Што и го направила.
Минатата недела таа настапи во Њујорк и ѝсе пожали на публиката дека се чувствува осамено во Португалија.
Покрај замокот во Португалија, пејачката има куќа во Њујорк, каде што има четирикатица во отмено маало со поглед на Централ Парк.