Москва подготвува одговор на САД за неиздавањето визи за официјалните лица

Москва подготвува одговор на одлуката на Соединетите Држави да не им издадат визи на одредени членови на руската делегација во Обединетите нации, изјави заменик-портпаролот на руската Дума, Пјотр Толстој, кој е задолжен за надворешна политика.

„Верувам дека ова е кршење на меѓународните обврски преземени од страна на Соединетите Држави при потпишувањето на договорот за основање на седиштето на ООН. Одговорот на Русија треба да биде што е можно поостар“, рече Толстој.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе разговара со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Њујорк за неиздавањето визи за руската делегација, потврди портпаролката на министерството Марија Захарова.

„Ова е пример на непочитување на Соединетите Држави кон членките на ООН и на неисполнување на обврските на земјата домаќин“, рече таа за ТАСС.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума, Леонид Слутски, смета дека треба да се провери ситуацијата со руските делегати на кои им е одбиена виза, посочувајќи дека тоа може да биде провокација од „стратешките пријатели“.

Треба да знаете
Последни објави