Рохани: Подготвен сум за разговор за измени во нуклеарниот договор ако САД ги укинат санкциите

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, рече дека е отворен да разговара за мали измени, дополнувања или амандмани во нуклеарниот договор од 2015 година ако САД ги укинат санкциите.

„Јас сум подготвен да разговарам за мали измени, дополнувања или амандмани на договорот ако се укинат санкциите“, рече Рохани во Њујорк, каде што присуствува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, лани ги повлече САД од нуклеарниот договор, кој Иран го потпиша со западните сили и воведе нови поостри санкции за Техеран.

Рохани во Њујорк има ограничено движење. Тој не може сам да го напушти седиштето на ОН, а за престој во хотелот морал да добие специјална дозвола.

Иранската агенција „Ирна“ пренесе дека една третина од иранската делегација не добила виза за да присуствува на седницата на ГС на ОН.

Треба да знаете
Последни објави