Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра, изјави Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла. Во време кога се најавува ново полнење на државната администрација со над 3000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптеретува. Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3000 вработувања во државната администрација? Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?
Доколку направиме една едноставна математика дека овие 3000 вработувања ќе земат основна нето плата од 25.000 денари доаѓаме до сума од над 14 милиони евра која што ќе треба државата годишно да ја одвојува само на име нето плата, несметајќи ги тука придонесите за пензиско и социјално осигурување, со нив бројката ќе биде многу поголема. Попусти се сите обиди за поткуп на гласачите. Граѓаните не го одобруваат расипништвото на СДСМ. Граѓаните бараат работа и чесен пристап. Граѓаните и државата не се должни да ја трпат неодговорноста и неработата на власта. Потребни се предвремни парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт, рече Васев.