Боинг започна со плаќање на 50 милиони американски долари финансиска помош на семејствата на повеќе од 340 жртви од две авионски несреќи на Боинг 737 Макс, објави компанијата.
Боинг ќе инвестира уште 50 милиони долари во образованието и економската поддршка за заедниците на жртвите, пренесува АП.
На секое семејство од 346 загинати на летовите 610 Лион Ера и 302 Етиопија ерлајнс, „Боинг“ ќе исплати до 144.500 долари.
Жртвите на двете катастрофи потекнуваат од 35 држави, вклучително и 9 државјани на САД и 19 Канаѓани.
Сепак, сите семејства не реагираа позитивно на веста.
Претставник на десетина семејства, чии членови настрадаа во авионска несреќа во Етиопија, за „Си-ен-ен“ изјави дека отштетата на Боинг е „несоодветна и нејасно изречена“.
Од „Боинг“ претходно порачаа дека семејствата кои прифаќаат финансиска помош нема да мора да се одречат од своето право да поднесат тужба против Боинг.