Според Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски, кој вчера се огради од неговата директна улога во откривањето на аферата, со тврдење дека тој само ја анализирал документацијата која стигнувала во СДСМ.
–Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите матријали, дополнително имајќи ја во предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО. Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако знаеме дека сега се е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК, рече Костадинов.