Сопственикот на ресторан во Солт Лејк Сити во Јута зел противпожарен апарат и го испрскал мажот кој одбил да ја изгаси цигарата пред неговиот угостителски објект.
Џон Бирд изјави дека излегол на пауза за пушење пред деловниот центар и дека веќе претходно имал средба со сопственикот на ресторанот, кој му рекол да не пуши на тоа место затоа што е премногу близу до неговиот објект и муштериите.
Бирд изјави за „КСЛ њуз радио“ дека контактирал со луѓето од обезбедувањето, кои му рекле дека смее да пуши таму, а потоа повторно налетал на сопственикот на ресторан.
Во тој момент сопственикот на ресторанот излегол со противпожарен апарат.
По краткиот разговор, девојката на Бирд го запрашала сопственикот дали ќе го испрска, а тој потврдил.
Кога Бирд повторно ја ставил цигарата во устата, сопственикот му го испрскал лицето.
Сопственикот на ресторанот се извинил во соопштението за телевизијата, велејќи дека претерал.
Полицијата го испитува инцидентот.