Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со покренатиот Обвинителен предлог за кривично дело за главниот и одговорен уредник на интернет порталот Инфомакс, Александар Митовски.
„Режимот на Зоран Заев ја укинува демократијата и слободата на говор во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот акт на насилство и закани кон медиумите кој Зоран Заев го спроведе преку своите послушници во јавното обвинителство. Да се покрене обвинение против новинар за објавени информации од јавен интерес е најбрутален обид да се замолкнат медиумите и да се заплашат сите оние кои не работат под диктат на власта.
Зоран Заев е во паника затоа што гледа дека Русковска обвинителството не може да ги покрие трагите за Рекет кои водат до него. Затоа Заев нарачува прогон врз новинари со надеж дека одговорноста ќе се ограничи само врз Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец.
Со политички прогон на медиумите Македонија оди назад во процесот на евроинтеграции.
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да се спротивстави на притисоците од страна на власта и да почне да ги гони вистинските криминалци, а не оние кои се охрабриле да пишуваат за корупцијата и злоупотребите на функционерите.
По смената на власта, сите овие скандалозни обиди за политички прогон и притисоци врз медиумите ќе бидат отворени и истражени, а освен за нарачателите, одговорност ќе биде побарана и за извршителите на овие наредби.“