Европол: Откриени повеќе од 165 жртви на модерно ропство од Бугарија

Повеќе од 165 можни жртви на модерно ропство од Бугарија, кои работеле за француски винарии, се откриени во акција против организираниот криминал, објави Европол.
Француските власти минатата недела уапсија четворица осомничени – тројца Бугари и едно лице во Франција, откако идентификувале 167 можни жртви на модерно ропство, кои биле вработени од четири фирми за производство на вино во близината на Лион, соопшти полициската агенција на ЕУ.
„Членовите на бугарската група се одговорни за регрутирање во Бугарија, додека францускиот член на групата организирал логистика, вклучително и организација за сместување на работниците“, рече портпаролот на Европол.

Треба да знаете
Последни објави