Во 1980 година, Турција го потпиша Договорот за забрана за ширење на нуклеарно оружје и во 1996 година Договорот за забрана за нуклеарно тестирање, кој ги забранува сите нуклеарни активности, без оглед на целта.
Претходно, Ердоган посочи дека сака иста заштита за Турција каква што има Израел, за која аналитичарите велат дека има значителен нуклеарен арсенал.
„Позицијата на нуклеарната енергија или треба да биде забранета за сите или достапна за сите“, рече Ердоган на собирот на светските лидери на Генералното собрание на ООН.
Во говорот, тој ја повика меѓународната заедница да помогне во обезбедувањето мир во сирискиот град Идлиб, додавајќи дека воспоставувањето на безбедна зона во северна Сирија ќе спаси милиони животи.
Турција, која прими 3,6 милиони сириски бегалци, контролира делови од северна Сирија, на кои веќе се вратиле 350.000 луѓе.
Турција планира да врати уште еден милион бегалци и предупреди дека може да ги отвори рутите на мигрантите кон Европа, доколку не добие соодветна меѓународна помош.