Тропската бура Карен се засилува и се приближува кон брегот на Порторико, носи големи дождови и силен ветар, велат метеоролозите.
Карен, наводно, достигна категорија на бура со брзина на ветрот над 60 километри на час, а издадено е и предупредување за можно поплавување по обилните врнежи од дожд.
„Источните и јужните делови на Порторико ќе бидат најзагрозени, особено ридските и планинските области. Постои ризик од поплави и лизгање на земјиштето “, предупредува Националната служба за временски услови.
Невремето се очекува да ги погоди бреговите на Порторико в четврток, а издадено е и предупредување за Британските Девствени Острови во наредните 24 часа.
Карен е единаесеттата именувана бура во 2019 година во областа на Атлантикот.