Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, бразилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар во летниот преоден рок можеше да го напушти францускиот клуб. Барселона и Реал беа заинтересирани за 27-годишниот Бразилец, кој цело лето преговараше за трансфер, кој не се реализира.
Сепак, Нејмар реши да остане во ПСЖ по убедувањето од соиграчите. Најмногу со разговорите на оваа тема влијаеа соиграчот од средниот ред Марко Верати и напаѓачот Килјан Мбапе, објави „Ле Паризиен”.
Нејмар го пропушти стартот на сезоната поради повреда, но на последните два натпревари постигна два победоносни гола за парижаните.