Оваа слика од првиот училиштен ден го растажи светот: Учениците внимателно слушаат, а околу нив пустош
Во разрушена зграда, каде и она малку што останало се заканвуа да се сруши, седи група ученици.
Тие ги подигнале главите кон учителот и внимателно го следат што им зборува.
Неверојатната глетка од разорениот од војна Јемен, ја сними фотограф на агенцијата АФП во Таез.
Училиштето во тој град е оштетено во воздушните напади на силите на просаудиската влада и бунтовничките Хути.
Фотографијата, според наводите на агенцијата, направена е на 3. септември, првиот училиштен ден во Јемен, а откако се прошири на интернет, многумина истакнаа дека е страшно низ што се поминуваат децата во воените подрачја.